Фирмата е креирана во 2002 година.
Првите продукции беа претежно документарни филмови финансирани од Советот за Радиодифузија.
Во 2008, Македонска Крепост се опреми со висококвалитетна професионална видео и филмска опрема и се лансира во филмска продукција со анимираниот филм « Вистинската приказна за Хансел и Гретел », кој беше селектиран на 24 фестивали во 17 земји, и доби 2 специјални дипломи од жири.
Моментално работиме на неколку проекти за анимиран филм, како и на нашиот прв стрип проект.
Генерален директор - Гоце Цветановски.
Мастер по филмска и аудиовизуелна режија и креација на Париз 8 – Сен Дени. Има снимено повеќе кратки и документарни филмови, музички спотови, и реклами.
Живее и работи меѓу Париз и Скопје.


